Свет
(Видео) По одржаниот говор на конференција во Њујорк, Бајден не знаеше како да се симне од бината
Американскиот претседател Џо Бајден учествуваше на конференцијата на Глобалниот фонд во Њујорк.
Кога го заврши говорот, од публиката следеше аплауз, а 79-годишниот Бајден почна да се повлекува од бината. Но, тогаш тој одеднаш застана и погледна наоколу со збунет израз.
Потоа изгледа ги прашал луѓето околу него како да се симне од сцената по што повторно се обидел да направи неколку чекори.
Сенаторот од Тексас, Тед Круз, сцената ја нарече страшна на „Твитер“, а неговиот советник за комуникација, Стив Гест, додаде: „Џо Бајден е целосно изгубен на сцената. Страшно и тажно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев: Да се угледаме на Америка
Зад протестите во Грузија, кои се одржуваат против усвојувањето на законот за странски агенти, е видливо американското влијание, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев, коментирајќи ги протестите на опозицијата која се противи на усвојувањето на тој закон.
„Зад сите овие собири стои искусната и добро позната рака на Холивуд. Она што на „демонстрантите“ не им се допаѓа во законот „за транспарентност на странско влијание“, што грузискиот парламент се обидува да го усвои, е тоа што тој е „руска идеја“, а не западна иницијатива. За разлика од грузискиот, киргистанскиот или целосно лојален руски закон, кој им дозволува на странските агенти да работат, но од оправдани причини, од нив се бара да бидат транспарентни и да спречат скриено незаконско странско мешање во внатрешните работи на државата, во нејзината економија и политички живот, “ напиша Медведев на Телеграм.
Европа
Во Германија уапсени 10 лица: за пари набавувале дозволи за престој на странци
Во Германија денеска во полициска акција се уапсени десет лица осомничени дека за големи суми пари набавувале дозволи за престој во Германија за странци од Кина и арапските земји.
„Главни осомничени се двајца адвокати од Келн, а истрагата се води против 38 можни члена на шверцерската банда и против 147 други лица, кои се занимавале со систематски шверц на луѓе“, се вели во соопштението на полициската управа на град веднаш до Келн, кои ја водат операцијата.
Осомничените се обвинети дека донеле странски државјани во Германија и ги набавиле потребните документи за големи суми пари, од 30 до 350 илјади евра. Осомничените основале фиктивни фирми и лажни адреси со кои се регистрирале лица од странство.
Весникот „Билд“ пишува дека меѓу осомничените има и вработени во неколку канцеларии за странци во регионот Рајнланд-Пфалц, кои издавале дозволи за престој за пари. Еден од нив е меѓу уапсените. Како што е соопштено, за време на рацијата била запленета и голема количина пари. Минатата година, со 300.000 бегалци и баратели на азил, Германија забележа значителен пораст на илегалниот влез во земјата.
Европа
Ги навредувала, ги кубела, ги оставала да паднат: уапсена воспитувачка во градинка во Милано
45-годишна воспитувачка била уапсена поради физичкото насилство што го применувала за да ги заспива децата во образовна институција во Милано.
Таа малтретирала деца што одат во дневен престој, односно на возраст од неколку месеци до нешто повеќе од една година.
Според истрагата на италијанската полиција, од 2022 година таа е одговорна за насилството врз најмалку десет деца и тоа значи дека ги грабала за рацете, а потоа одеднаш ги оставала да паднат и да удрат со лицата на подот.
Исто така, според пријавата, таа често „ги навредувала, ги кубела, ги терала да спијат или насилно ги држела за рацете и нозете за да не станат од столот или од креветот“.
Алармот го вклучија колегите што работат со воспитувачката во истата институција, кои случајот го доставија до Дирекцијата за детски услуги на Општина Милано, што доведе до поведување жалба.
Веднаш по првата пријава, службениците поставиле камери во градинката, каде што ги снимиле сите епизоди на „физичко и психичко насилство врз децата.
Камерите снимиле страшни ситуации кога една жена вреска по децата, а потоа силно ги тресе за да ги заспие.
Колегите кажале и дека повеќе гледала во телефонот отколку што се грижела за децата.
Жената моментно е во домашен притвор и чека сослушување.
Колегите ја опишаа како личност без „емпатија кон децата и со постојан гнев“.