Свет
(Видео) Пронајдена турбината на урнатиот индонезиски авион
Во тек е извлекување делови од урнатиот индонезиски авион, кој се урна во саботата кратко по полетувањето од главниот град Џакарта. Поморскиот тим ја извлече турбината на авион, изјави висок офицер.
„Турбината е пронајдена од поморскиот брод ‘Ригел’ опремен со тродимензионален сонар“, изјави високиот офицер, Ори Ронсмбре.
Претходно, беа пронајдени делови од леталото и човечки тела за кои се претпоставува дека се наоѓале во авионот „боинг 737-500 Сривијаја ер“, кој исчезна од радарот во саботата, само четири минути по полетувањето од меѓународното пристаниште Соекарно-Хата.
Нуркачите тргнаа во потрага по црните кутии на авионот со 62 патници и еден член на екипажот, што се урна во морето Јава, соопшти морнарицата на Индонезија.
Војската вчера објави дека се лоцирани црни кутии кои се состојат од снимачи на податоци за летови и снимачи на звук во кокпит.
Засега не е позната причината за падот, но податоците на шведската веб-страница „Флајтрадар24“ (Flightradar24) покажуваат дека авионот одеднаш забавил и започнал да паѓа кратко по полетувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.