Свет
(Видео) Пукање во весник во Анаполис, неколкумина повредени
Напаѓач влегол во редакцијата на весник во Анаполис, во американската сојузна држава Мериленд каде што убил неколку лица, по што бил уапсен од полицијата.
#BREAKING: Video of police vehicles responding to a possible shooting in Annapolis, Maryland. (Video: @KarenCampbellTV) pic.twitter.com/xSPbDRjxPm
— BreakingNNow (@BreakingNNow) June 28, 2018
Напаѓачот упаднал во редакцијата на Капитал газет и наводно е уапсен.
BREAKING: Multiple people shot in Maryland newsroom. pic.twitter.com/Eag9VwD2uP
— Fox News (@FoxNews) June 28, 2018
Според непотврдени информации напаѓачот убил четири лица. „Има повеќе мртви“, соопшти шерифот Рон Бејтмен за Фокс њуз.
Капетанот Расел Дејвис изјави за NBC News дека во 2.34 часот бил пријавен нападот. Полицијата информираше дека зградата е евакуирана и дека полициски единици ја пребаруваат.
Весникот е во сопственост на The Baltimore Sun. Полицијата била присутна и во The Sun, како мерка на претпазливост.
„Вознемирени сме од трагедијата во Анаполис”, изјави гувернерот Лари Хоган. „Ве молам, внимавајте на сите предупредувања и движете се подалеку од оваа бласт. Молете се за оние кои што се на местото на настанот и за нашата заедница”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.