Свет
(Видео) Путин не можел да престане да кашла, Кремљ се обидел сè да забошоти
Кремљ бил принуден да негира дека Владимир Путин имал здравствени проблеми во средата кога имал напад на кашлица за време на владиниот состанок што бил прикажан на телевизија.
Рускиот претседател (68) се мачел да ја заврши реченицата додека разговарал со највисоките функционери за акутните финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на Ковид-19.
Видеото подоцна било уредувано така што кашлањето на Путин се чинело помалку сериозно во верзијата објавена од неговиот кабинет.
Државната новинска агенција ТАСС го праша Кремљ за здравјето на Путин и им беше кажано дека тоа е апсолутно нормално.
„Претседателот се извини и го продолжи состанокот речиси без пауза“, соопшти агенцијата.
Путин разговараше со видеоповик со неговиот министер за финансии, Антон Силуанов, и други високи претставници кога почна нападот со кашлица.
Тој рече „извини“ и неколкупати ја покри устата со десната рака додека се обидуваше да продолжи со состанокот.
На видеото што подоцна беше монтирано кашлицата на Путин е речиси исчезната.
Многу гледачи беа загрижени дека Путин можеби се заразил од коронавирус.
Радио Мајак, кое го емитуваше оригиналниот пренос, објави: „Гласните жици на Путин попуштија додека ѝ даваше инструкции на владата да се бори против Ковид-19“.
За разлика од светските лидери, како Борис Џонсон и Доналд Трамп, се верува дека Путин досега не бил заразен од коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.