Европа
(Видео) Путин најави три услови за завршување на војната
Според медиумите, преговорите меѓу Русите и Украинците што се водеа во Белорусија, на границата со Украина, влегуваат во третиот круг.
Преговорите, чиј исход го очекува целиот свет, траат повеќе од три часа.
Решението за Украина е можно само ако се земе предвид интересот на Русија, му рекол Путин на Макрон.
Путин му ги претстави на Макрон условите за решавање на ситуацијата во Украина.
– Демилитаризација и денацификација на Украина.
– Нејзин неутрален статус.
– Признавање на рускиот Крим од Киев.
За возврат, Макрон му изрази надеж на Путин за брзо решение на украинскиот конфликт преку дијалог и преговори со Киев, соопшти Кремљ.
Според француската телевизија, разговорот меѓу двајцата претседатели траел час и половина.
Украинската делегација на преговорите бара повлекување на сите руски војници, вклучително и оние од Крим и Донбас – изјави советникот на шефот на претседателскиот кабинет Арестович.
Преговорите меѓу Русија и Украина започнаа денеска во регионот Гомел, потврди руското Министерство за надворешни работи. Според написите, делегациите биле пречекани од Владимир Макеи, шеф на администрацијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Можете да се чувствувате целосно безбедни. Тоа е наша света должност!“, рекол Мекеј, пренесува „Украинска правда“.
? Video from the beginning of negotiations.#Ukrayna #Ukraine pic.twitter.com/BePlPnG7F6
— Aykan (@KirikAy2012) February 28, 2022
Весникот наведува дека почетокот на средбата бил емитуван на интернет, но дека преносот подоцна бил исклучен на барање на руската страна.
Руската делегација ја предводи советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа се и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик-министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Думата Леонид Слуцки, јави ТАСС.
Министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, е на чело на украинската делегација во која се советникот на началникот на Генералштабот Михаил Подољак, шефот на украинската делегација Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик-министерот за надворешни работи Николај Точицки.
Според украинската агенција „Унион“, клучна тема на преговорите ќе биде итен прекин на огнот и повлекување на руските војници од територијата на Украина.
Средбата на двете делегации се одржува во близина на реката Припјат на украинско-белоруската граница, јавија агенциите.
РИА Новости пренесува дека украинската делегација пристигнала со два хеликоптера.
Украинската страна претходно најави дека ќе бара итен прекин на огнот и руските сили да ја напуштат територијата на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.