Свет
(Видео) Путин пристигна во Женева, портпаролот откри во какво расположение е рускиот лидер пред состанокот
Денеска, во Женева се одржува историска средба меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и американскиот претседател, Џо Бајден.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред почетокот на состанокот изјави дека рускиот претседател Путин пристигнува во конструктивно расположение.
„Имаме куп заостанати прашања што треба да се решат, затоа претседателот Путин доаѓа во конструктивен дух на отвореност, со намера да иницира прашања и да се обиде да најде решенија“, рече Песков.
Според руските медиуми, авионот на рускиот лидер во Женева слетал во очекуваното време.
Russian President Vladimir Putin has arrived in Geneva, Switzerland, on time. https://t.co/rgrVgY1ju7 pic.twitter.com/y6YNT3YB6N pic.twitter.com/1POmEva5iA
— CNN International (@cnni) June 16, 2021
Путин и неговата придружба пристигнаа на местото на самитот во вилата „Ла Гранж“ по што дојдоа Бајден и неговиот тим. Швајцарскиот претседател, Гај Пармелин, ги поздрави двајцата лидери.
Russian President Vladimir Putin is en route via motorcade to Villa La Grange for a summit with President Joe Biden pic.twitter.com/XC0jseVAi2
— Betsy Klein (@betsy_klein) June 16, 2021
Тројцата ќе поминат неколку минути заедно пред камерите, но се очекува само Пармелин да даде изјава за медиумите, посочи висок функционер на администрацијата.
JUST IN: Pres. Biden greets Swiss Pres. Parmelin as he arrives at Villa La Grange in Geneva for summit with Pres. Putin. https://t.co/Ve2y54l5pE pic.twitter.com/gcI9O7Nm5K
— Good Morning America (@GMA) June 16, 2021
АП наведува дека Бајден и Путин најпрвин ќе одржат релативно интимна средба, на која ќе ѝ се придружат американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Секоја страна ќе има преведувач.
Средбата, придружена со големи очекувања, се одржува во попладневните часови и според најавите на двете страни, ќе трае најмалку пет часа.
Можно е да има и разговор еден на еден, но ќе има одделни конференции.
Безбедносните мерки во Женева се на исклучително високо ниво.
Оклопни возила и камиони се паркирани во близина на хотелот „Интернационал“, каде што престојува Џо Бајден, блокирајќи го пристапот за сите возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.