Свет
(Видео) Путин се закани: Ќе им ги скршиме забите на сите
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија остро ќе одговори на секој што ќе се обиде да навлезе во нејзината територија.
„Секој сака да нè гризе некаде или да грицка нешто, но оние што имаат намера да го сторат тоа треба да знаат дека ќе им ги скршиме забите на сите за да не може повеќе да гризат“, вети рускиот претседател на состанокот на организаторот, комитет Победа.
Путин пригрозил: “Зубы выбьем”
“Все нас хотят где-то укусить или чего-то от нас откусить. Но они должны знать – те, кто собираются это сделать – что мы зубы выбьем всем, так, чтобы они не могли кусаться”, – пообещал он. pic.twitter.com/unR9hv9LFS
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) May 20, 2021
Во исто време Путин посочи дека Русија не оди по патот на милитаризација на економијата.
Според него, како што земјата станува посилна, нејзините противници веднаш наоѓаат причини да се обидат да го ограничат нејзиниот развој. Ваквите обиди продолжија веднаш по распадот на СССР, забележа Путин.
Рускиот лидер потсети дека годинава се одвоени три трилиони рубли (или 42 милијарди долари по тековниот курс) за одбрана, а американските воени трошоци, според Путин, надминуваат 770 милијарди.
Ако ги видиме апсолутните износи, Русија е некаде во првите 10 земји, но на крајот од таа листа, прецизира претседателот.
Како што рече, не само САД, Кина, Индија, Саудиска Арабија, сите водечки европски земји, како Германија, Франција, Велика Британија, но исто така и земји како Јапонија, кои трошат малку повеќе, но сепак трошат повеќе од Русија за национална одбрана, се пред Русија и покрај тоа што според нивниот Устав армијата практично не постои.
Во исто време, руската армија има најмодерни сили за ограничување на нуклеарниот систем, истакна тој.
„Генерално, имаме нов вид стратешко оружје, интерконтиненталниот блок ‘Авангард’ со хиперсонична брзина. Сè уште никој го нема, но имаме хиперсонично оружје“, истакна Путин.
Тој предупреди дека обидите за ограничување на Русија ќе продолжат бидејќи на нејзините противници „едноставно, не им е потребна таква земја“.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва нема да замижува пред обидите за препишување на историјата поврзана со Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.