Свет
(Видео) Редици пред продавниците во Париз
По воведувањето карантин во Франција, поради борбата против епидемијата со коронавирусот, голем број парижани може да се видат како во редици чекаат пред продавниците.
На луѓето им е ограничено движењето, а многумина се прашуваа во продавниците како да се снабдат со основните продукти.
Па, така, пред продавниците се формираа редици купувачи, кои со колички го чекаат својот ред да влезат.
За две недели, Французите ќе може да излезат само ако постојат пет причини за тоа. Тоа се: заминување на работа доколку работните обврски не се можни од дома, одење во купување основни продукти, излегување поради здравствени причини, излегување поради семејни причини (помош на чувствителни лица или чување деца) и излегување во близина на домот за потреби на домашни миленици.
Документот, кој е достапен на интернет-страницата на Министерството и страниците на медиумите, мора да содржи наведени причини, лични податоци и потпис.
Речиси 100.000 припадници на силите за безбедност се ангажирани за надгледување на ограниченото движење на граѓаните во Франција, пренесуваат тамошните медиуми. Во Франција се потврдени над 6.600 случаи на коронавирус, а починаа 148.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.