Свет
(Видео) Робот му скршил прст на момче на шаховски турнир во Москва бидејќи пребргу направил потег
Роботот програмиран да игра шах за време на Отвореното првенство во Москва му го скршил прстот на момче што му било противник, јавуваат британските медиуми.
Роботот шахист му го скрши прстот на детето, изјави претседателот на Московската шаховска федерација, Сергеј Лазарев, за новинската агенција ТАС С по инцидентот што се случи минатата недела.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како роботот му го зема прстот на момчето и го крши, а четири лица трчаат да му помогнат.
All acquisition that advanced AI will destroy humanity is false. Not the powerful AI or breaching laws of robotics will destroy humanity, but engineers with both left hands :/
On video – a chess robot breaks a kid's finger at Moscow Chess Open today. pic.twitter.com/bIGIbHztar
— Pavel Osadchuk ???????????? (@xakpc) July 21, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.