Контакт

Европа

(Видео) Руски авиони пресретнале два американски бомбардери над Балтикот

Објавено пред

Руски борбени авиони „Су-35“ пресретнале два американски стратешки бомбардери „Б-52Н“ над Балтичкото Море, соопшти Националниот одбранбен центар на Русија.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека радарите на противвоздушните сили на Западниот воен округ откриле два авиони класифицирани како стратешки бомбардери „Б-52Н“.

Во соопштението се наведува дека со цел да се идентификуваат и спречат нарушувањата на државната граница, активирани се борбени авиони „СУ-35“ од Западниот воен округ и вратени во матичната база по отстранувањето на странските авиони.

„По отстранувањето на странските воени авиони од државната граница, руските борбени авиони се вратија во базата. Летот е извршен со строго почитување на меѓународните правила за користење на воздушниот простор. Не е дозволено кршење на државната граница на Русија“, се наведува во извештајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Експлозија во хидроцентрала, има повредени, најмалку 7 исчезнати: драма во Италија

Објавено пред

Повеќе од 70 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот во хидроцентралата во Камуњано, Италија, каде денеска се случи експлозија, најверојатно кај турбините.

dobivaj vesti na viber

Според локалните медиуми, најмалку седум лица се водат како исчезнати, а четворица се тешко повредени.

Целото подрачје го надлетуваат хеликоптери, а над езерото се издига густ чад.

Во експлозијата повредените работници се здобиле со тешки изгореници и во моментов се префрлени во најблиските болници.

Според градоначалникот Марко Масинара, експлозијата се случила при работа на турбините.

Несреќата се случила под нивото на водата, бидејќи хидроцентралата е вкопана на околу 30 метри.

„За да пружите помош потребна ви е видливост и ниски температури“, изјави провинцискиот командант на противпожарната бригада на Болоња, Калогеро Туртуричи.

„Кога ќе дојдеме до нивото на несреќата, подобро ќе знаеме каква е состојбата“, додаде тој.

Пожарот наводно избувнал на 9 кат каде се наоѓаат трансформаторите.

„Повеќе ќе знаеме откако ќе слушнеме очевидци, луѓе кои биле на местото на настанот. Просториите сега се поплавени според првите информации што ги имаме. Доколку местото на несреќата не е достапно за истрага, тешко е да се претпостави конкретно сценарио“, рече тој.

Засега не е познато како дошло до експлозијата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Ирска доби нов премиер

Објавено пред

Симон Харис денеска стана најмладиот премиер на Ирска досега, наследувајќи го партискиот колега Лео Варадкар и има помалку од една година да ги засили напорите на коалициската влада да ја спречи првата изборна победа на левичарскиот Шин Фејн.

dobivaj vesti na viber

Сајмон Харис, 37-годишниот поранешен министер за здравство и високо образование, најпознат по помагањето и водење на земјата за време на пандемијата со коронавирусот, беше избран без противкандидатот за нов лидер на Фајн Гаел минатиот месец, само неколку дена по шокантното заминување на Варадкар.

Тоа практично му гарантираше дека тој ќе стане 16-тиот човек што ќе ја води земјата со 5,3 милиони жители, а тој беше потврден во парламентот откако ја обезбеди поддршката од некои независни пратеници, како и од неговите коалициски партнери Фиана Фаил и Партијата на зелените.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украина: Погодивме фабрика за авиони во Русија

Објавено пред

Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) го погоди главниот производствен погон на фабриката за авиони во руската област Воронеж, дозна денеска „Ројтерс“ од украинските разузнавачки кругови.

dobivaj vesti na viber

Според истиот извор, погоден е објект за поправка на авиони во градот Борисоглебск, но нема информации за степенот на штетата. Градот се наоѓа на најмалку 350 километри од линијата на фронтот контролирана од Украина, на североисток.

„Ројтерс“ не може независно да ги потврди наводите. Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека над областа биле соборени две украински беспилотни летала. На снимката се гледа противвоздушната одбрана во акција пред да се слушне силна експлозија. По тоа, густ облак од чад почнува да се крева од погодената област.

Неодамна, Киев сè повеќе напаѓа подлабоко на руска територија гаѓајќи ги воените објекти и енергетската инфраструктура што ја напојува руската воена машина. Главно користи дронови со долг дострел од домашно производство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

(Фото) Мечка нападна сточар на планината Мукос, во атарот на село Оморани

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај...

Македонија19 часа

МВР за пожарот приведе тројца работници, две лица завршија на клиника поради чадот, а уште две останале заглавени во лифт

Тројца градежни работници се приведени за пожарот во Универзалната сала во Скопје. Како што информираа од МВР, тројцата во моментот...

Македонија20 часа

Можно е пожарот да бил предизвикан од стар кабел или инсталација, рече сопственикот на фирмата што ја реконструира Универзалната сала

Пожарот во Универзалната сала се случил во стариот дел и можно е да бил предизвикан од стар кабел или стара...

Македонија20 часа

Милошоски: 25 земји членки на ЕУ дозволиле движење со старите пасоши до септември, ама Османи ја скрил информацијата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на „Фејсбук“ објави фотографија од допис од 23.2.2024 од МВР на Италија, каде што стои...

Македонија21 час

Град Скопје: Универзалната сала е на скопјани и на Македонија, а некој се обидува да забошоти што правел, ајде криминалци да ве видиме дали и како ќе си ги покриете делото и срамот

Две години јавно зборуваме дека проектот за Универзалната сала, кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој...

Македонија21 час

(Видео) Локализиран пожарот во Универзалната сала

Локализиран е пожарот што избувна утрово во Универзалната сала во Скопје, која е во фаза на реконструкција. Огнот ја уништи...

Топ21 час

Татко од Велес ги терал своите деца да питаат, па парите ги трошел во казино

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Извор во општина Чашка за...

Македонија22 часа

Пожар во Универзалната сала во Скопје

Пожар на просторот во Универзалната сала. Гори покривната конструкција. На единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот

ВМРО-ДПМНЕ бара Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога, како што оценуваат од оваа партија, катастрофално ќе...

Македонија23 часа

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е опасност за безбедноста на граѓаните

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните, закана за влошување на безбедносната состојба во државата. Новото пукање во Чаир во...

Свет23 часа

Ванг Ји по средбата со Лавров: Пекинг и Москва се залагаат за економска глобализација

Кина и Русија ќе продолжат да се залагаат за инклузивна и просперитетна економска глобализација и против еднострани акции и протекционизам,...

Свет24 часа

Драматични сцени во Кина: најмалку шест лица загинаа во два пожара

Шест лица загинаа во пожарите во кинеските градови Вужоу во провинцијата Гунагси и Хефеи, во провинцијата Анхуи, соопштија локалните власти....

Свет24 часа

Хамас: Предлогот на Израел за примирје и ослободување на заложниците не ги исполнува барањата на Палестинците

Хамас денеска објави дека израелскиот предлог за примирје и ослободување на заложниците што го доби од катарските и египетските посредници...

Регион24 часа

„Како мајка не можам ниту да изговорам што мислам дека ѝ имаат направено“: Отовиќ-Пјановиќ за потрагата по телото на Данка

Поминаа неколку дена откако Србија ја погоди веста дека во Бањско Поле кај Бор е убиена малата Данка Илиќ (2)....

Македонија2 дена

„Лажете господине Фуркан“ – министерот Тошковски и новинарот Салиу влегоа во вербален конфликт за приведувањето

„Лажете господине Фуркан“, му рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарот Фуркан Салиу кој негираше дека имал физички...

Топ2 дена

Арачиновец кој живее во Ирска летал дрон во близина на касарната во Аеродром, МВР го приведе

Вчера по полноќ, на задниот дел од касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, полицијата го приведе Р.Р.(53) од Арачиново, со...

Македонија2 дена

Вархељ: Не мислам дека земјите членки ќе сакаат да ревидираат некои од условите за Северна Македонија, критерумите се јасни

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархељ, не очекува промена на преговарачката рамка за Северна Македонија. Во интервју за...

Македонија2 дена

Радев: Неопходно е Скопје да ја споведе европската одлука од 2022 година на патот кон ЕУ, пораките во изборната кампања се негативни

Проширувањето на ЕУ треба да се заснова на јасни принципи, земајќи ги предвид сопствените заслуги на секоја земја во процесот...

Топ2 дена

Почина жената што пред еден месец беше застрелана од тетовец на патарината во Прешево

Почина триесетгодишната В.Ј. од Србија, којашто пред точно еден месец беше застрелана од страна на маж од Тетово на патарината...

Македонија2 дена

Вработените во здравството на протест побараа повисоки плати, решение за оние на договор на дело и за одливот на доктори и медицински сестри

Незадоволни од непотпишувањето на анексот на колективниот договор, вработените во здравството денес излегоа на протест пред Министерството за здравство. Со...