Свет
(Видео) Руски морнари спасиле странец на море кој се држел за парче стиропор
Морнари во рускиот регион Приморски на Далечниот Исток спасиле странски државјанин кој лебдел на површината на водата држејќи се за големо парче стиропор и го предале на руските граничари, пренесува „Сајбириан тајмс“.
Севернокорејскиот морнар бил премногу слаб за да објасни како завршил во Јапонското Море, со милји далеку од брегот. Тој бил забележан од екипажот на рускиот брод „Курилскоје Озеро“ неколку часа откако го напуштиле селото Тимофеевка во заливот Владимир.
Во понеделникот медиумите објавија видео од спасувањето, кое се случило во близина на заливот Олга во југоисточниот дел на регионот. На видеото е прикажано маневрирањето на бродот близу исцрпениот човек.
„Вчера офицерите на единицата за гранична патрола од одделот за федерални безбедносни служби во регионот Приморски презедоа странски државјанин кого морнарите претходно го спасиле од морето крај брегот на регионот. Откако ќе се решат сите формалности, тој ќе биде вратен во својата татковина“, изјави извор во одделот.
На севернокорејскиот морнар му била дадена сува облека и храна. Тој успеал со гестови да им објасни дека во морето бил најмалку 10 часа. Немало видливи повреди на неговото тело.
Една од верзиите од локалните медиуми е дека морнарот бил на еден од рибарските бродови од Северна Кореја за кои неодамна биле видени како риболоват околу заливот Владимир.
На 7 септември руските граничари известија дека околу 500 странски риболовни бродови спуштиле сидра во заливите на регионот чекајќи да помине бурата, во согласност со меѓународните поморски закони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.