Свет
(Видео) Северна Кореја има меѓународен модерен аеродром, но нема ниту еден патник
Северна Кореја го модернизира меѓународниот аеродром во Пјонгјанг, но на него нема ниту патници ниту авиони – пистите се празни. Во серијалот на британскиот новинар Мајкл Палин, „Мајкл Палин во Северна Кореја“, е прикажан аеродромот во Пјонгјанг, кој сè уште не во функција за интернационални летови. Палин вели дека е бизарно тоа што продавниците на аеродромот се полни со стока и дури има и вработени иако нема муштерии.
Новинарот наведува дека Северна Кореја има намера да се отвори кон светот и да привлече странски туристи. Аеродромот има два терминала. Терминалот 1 е отворен во јануари 2016 година и е за домашни летови. Терминалот 2 е за меѓународни летови и е отворен на 1 јули 2015 година.
Во првиот дел од серијалот Палин наведува дека на жителите на Северна Кореја не им е дозволено да патуваат во странство.
Новинарот во серијалот „Мајкл Палин во Северна Кореја“, што се прикажува на „Нешнл џиографик“, прави обид да го прикаже секојдневието на Севернокорејците, но, сепак, тој наведува дека не можел слободно да шета и да зборува со кого било, туку дека целата посета му била организирана од тамошните власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.