Свет
(Видео) Се урна зграда во Турција, десетмина се затрупани, 13 луѓе се спасени
Десет луѓе се заробени во урнатините, а 13 се спасени, откако се урна деловна зграда во Малатја на истокот на Турција,
„Дваесетина луѓе се наоѓале во зградата во време на несреќата, нешто пред 17 часот по локално време“, кажа гувернерот на покраината, Ајдин Барус.
#news
Building collapses in #Turkey – dozens trappedA two-story building collapsed in eastern Turkey’s Malatya on Tuesday. Search and rescue efforts are ongoing to pull some 20 people believed to be trapped under the rubble. pic.twitter.com/dx4CgDVuSq
— RawNews1st?? (@Raw_News1st) November 9, 2021
Повеќе од два часа по почетокот на спасувачката акција десетина луѓе и понатаму биле заробени под урнатините, јави телевизијата Хабертурк.
Тринаесет лица се спасени и хоспитализирани, според владината агенција за управување со природни катастрофи Афад.
„Продолжуваат операциите на пребарување и спасување“, напиша на Твитер одговорниот за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун.
Две од повредените лица се во тешка состојба.
Малатја е град со 450.000 жители, на 500 километри воздушна оддалеченост од АНкара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.