Свет
(Видео) Силно невреме направи хаос во Германија – откорнати дрвја, уништени покриви, откажани летови
Невремето Иленија во текот на ноќта ја погоди Германија, особено северните и источните делови, а зад себе остави паднати дрвја, уништени покриви на куќи. Откажани се многубројни летови, а во неколку сојузни држави е прекинат и железничкиот сообраќај.
Германската метеоролошка служба сѐ до вечерва издаде црвени предупредувања за северот на земјата, а најавуваат и можност за торнадо.
Во текот на ноќта силен ветер од над 100 км/ч ја зафати земјата, особено на север, во централните делови и на истокот. Во планините Харц е измерен удар на ветер од 152 км/ч.
Противпожарната бригада на Берлин утринава прогласи вонредна состојба поради невремето по повеќе од 100 интервенции.
„Од 2 часот по полноќ има нагло зголемување на операциите поврзани со невремето“, соопштија од бригадата.
Неколку доброволни противпожарни бригади се повикани да ја поддржат професионалната противпожарна станица. Во Ликтерфелде дрвја паднаа врз паркирани автомобили, а ветрот го однесе светлосниот столб.
Hätte ich nicht rechtzeitig gebremst, wäre mir diese Ampel auf das Auto gefallen 😀#Sturm #Ylenia pic.twitter.com/KnngoRPuZn
— ???? ツ (@Lord_NicolasX) February 16, 2022
Ветерот уништи и шатор на место за тестирање во Северна Рајна Вестфалија, но, за среќа, нема повредени, соопштија пожарникарите. Најголем проблем има во Хамбург, каде беше поплавен познатиот пазар, а во областа Ајмсбутел ветрот откорна дрво пред паб.
A hurricane hits Germany! Storm Ylenia brings great destruction: The German weather service on Wednesday issued the second-highest severe weather warning for all of northern and eastern Germany as the country prepares for Storm Ylenia. Storm Ylenia is expected to bring hurricane pic.twitter.com/884FmO08mE
— World News 24 (@DailyWorld24) February 17, 2022
Невремето предизвика големи штети и во Долна Саксонија и Бремен. На автопатот кај Вестоверлединген возач на камион удрил во паднато дрво, но, за среќа, не е повреден.
Невремето го зафати и железничкиот и воздушниот сообраќај. Паднатите дрвја го попречија движењето на возовите. Како мерка на претпазливост, „Луфтханза“ откажа 20 лета. На патниците им се препорачува да го проверат статусот на нивниот лет на веб-страницата на авиокомпанијата. Според операторот, врските со Берлин, Хамбург и Минхен биле погодени во Франкфурт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче
Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во Бањско поле и рано утринава започнале детално пребарување на просторот околу куќата пред која исчезнало двегодишното девојче.
Екипите се состојат од 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и едно куче.
Припадниците на српската полиција во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија.
Што правеа багерите вчера околу куќата од каде што исчезна Данка
Вчера околу куќата каде исчезна Данка во Бањско поле имаше два багери.
Според Телеграф.рс, багерите првенствено работеле на расчистување на теренот бидејќи куќата била опкружена со депонија, па полицијата за полесни претреси го расчистува просторот од гломазен и друг отпад.
„Сечат дрвја и го отстрануваат отпадот бидејќи околу куќата има депонија“, јави репортер од местото на настанот.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Бугарија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 8:38 часот по локално време, на четири километри од Девин, на длабочина од девет километри.
🔔#Earthquake (#земетресение) M3.8 occurred 6 km SW of #Devin (#Bulgaria) 4 min ago (local time 08:38:05). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/MSdvNiasPN
🖥https://t.co/ycq6JSIzuY pic.twitter.com/jACmTRndoJ— EMSC (@LastQuake) March 29, 2024
Речиси половина час пред овој земјотрес Бугарија ја погоди потрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.
Забележан е во 8:09 часот по локално време.
Во 08:42 часот е регистриран и трет земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.