Свет
(Видео) Скандал во најава: Франција негира дека Макрон се извинил за инцидентот со израелските полицајци
Франција негира дека претседателот Емануел Макрон испратил извинување до израелската полиција демантирајќи ја изјавата од полицијата дека Макрон се извинил што им викал на полицајците на влезот од црквата „Света Ана“, која е под администрација на француската влада, пренесува „Спутник“.
„Немаше претседателско извинување за израелските безбедносни сили“, рекоа неименувани официјални лица од Елисејската палата за „Хаарец“.
По пристигнувањето во Ерусалим во средата за да присуствува на комеморацискиот настан за холокаустот, Макрон предизвика вербален инцидент со израелските полицајци кои го придружуваа на турата низ стариот град, што очигледно беше дипломатски гаф, констатираат светските агенции.
Официјалните лица разјаснија дека инцидентот во средата, во кој Макрон скокна во одбрана на француските службеници за безбедност и им се развика на израелските полицајци назначени да го штитат, се заснова на добро воспоставени дипломатски правила.
„’Света Ана’ е француска национална надлежност во Ерусалим. Улогата на Франција е во овој град да ги заштитува овие места. Израелските безбедносни сили сакаа да влезат во неа додека безбедноста ја осигуруваше француското обезбедување. Претседателот реагира на расправијата меѓу израелските и француските безбедносни сили при влегувањето во ‘Света Ана’ за да му стави крај на тоа и да ги потсети на правилата“, објаснија официјалните лица.
Coup de colère de #Macron contre la police israélienne à Jérusalem. Dans les pas de Chirac en 1996 pic.twitter.com/DKP5ICThTK
— Ava Djamshidi (@AvaDjamshidi) January 22, 2020
Тие додадоа дека инцидентот не бил ништо сериозно.
Израелската полиција претходно објави изјава во која се тврди дека Макрон се извинил за инцидентот и се ракувал со безбедносните лица.
Вербалниот дуел на Макрон со израелската полиција стана хит на интернет кога дел од расправијата беше снимен од француски новинар. На видеото може да се чуе видно вознемирениот Макрон, кој бара неговата израелска придружба да излезе надвор повикувајќи ги да ги почитуваат правилата за кои рече дека важат со векови.
Сличен инцидент се случил и во 1996 година кога тогашниот француски претседател Жак Ширак побарал од вооружените израелски сили за безбедност да излезат од црквата „Света Ана“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.