Свет
(Видео) Снежно невреме во САД, за само неколку часа откажани повеќе од 800 летови
Снежно невреме зафати повеќе делови од САД, па сообраќајот на одредени патишта е блокиран и има огромен метеж.
Чикаго во текот на ноќта, како што пишуваат тамошните медиуми, побеле со околу 30 сантиметри снежна покривка, а на аеродромот О’Хер во Чикаго досега има наврнато околу 19 сантиметри снег, додека на аеродромот Мидвеј има измерено 12,5 сантиметри снег, објави АП. Поради невремето, од полноќ до раните утрински часови откажани се 809 летови, а во неделата, пак, беа откажани 700 летови.
Airlines canceled more than 1,200 flights during the busiest travel weekend of the year as a snowstorm engulfed much of the Midwest. Chicago’s O’Hare International Airport saw the majority of those cancellations, with 1,084. https://t.co/CRjjxki6vL pic.twitter.com/QZhGpF3pRj
— ABC News (@ABC) November 27, 2018
На Мидвеј, од полноќ до сега се откажани 69 летови, додека 123 беа откажани во неделата.
Снежната бура, исто така, зафати и делови од Мичиген, што довело до отежнати услови за возење.
First real snow in west Michigan pic.twitter.com/oqzCyZIzit
— Chris Nightingale (@mendonfootball) November 26, 2018
Полицијата морала да одговори на десетици несреќи што се случија во Мичиген.
Официјалните лица предупредија дека патиштата се замрзнати и покриени со снег и апелираа до населението да не вози без потреба. Гувернерот на Канзас, Џеф Колиер, во неделата прогласи вонредна состојба бидејќи во некои делови на земјата нападнал и повеќе од 36 сантиметри снег. Неколку патишта останаа затворени во понеделникот, и тоа најмногу во североисточниот дел.
WOW… Crazy scenes near Newark, #NY USA yesterday evening during the first snow of the season in that area. Report; @alexisbelon #SevereWeather #ExtremeWeather #snowfall pic.twitter.com/OvfRAV4euX
— WEATHER/ METEO WORLD (@StormchaserUKEU) November 16, 2018
Патиштата во Небраска и јужните делови на Ајова се исто така покриени со снег и мраз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.
Свет
Евакуација на две села во Русија поради поплави, стабилнo во Удмуртија
Во областа Абат во руската област Тјумен во тек е евакуација на жителите на две села поради поплави, ситуацијата во Удмуртија се стабилизира, а водостоите на реките во тој руски регион се намалуваат, соопштија официјални лица.
Жителите на селата Назарово и Јурга во областа Тјумен се евакуираат со бродови, пренесе „Интерфакс“.
Официјални лица соопштија дека нивото на водата во реката Лоза во руската Удмуртска Република, која поплави 120 станбени области во регионалниот центар Игра, се намали речиси 120 сантиметри.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.