Свет
(Видео) Спасено 7-годишно дете по часови поминати под урнатините во Турција
Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди централна Турција и северозападна Сирија рано утринава, при што загинаа повеќе од 500 луѓе, а стотици беа повредени при уривање згради во регионот, што предизвика потрага по преживеани во урнатините.
Седумгодишното дете, кое беше повредено во земјотресот, беше спасено од урната зграда во турскиот град Дијарбекир по седум часа поминати под урнатините.
Rescue teams pulling children from the under the rubble of #collapsed buildings in northwestern #Syria
At least 50 people killed, 500+ injured, 140+ buildings destroyed in southern Malatya province as 7.8 #earthquake hits #Türkiye.#deprem #DepremiOldu #Turkey pic.twitter.com/vKnEnG3N2k
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 6, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.