Свет
(Видео) Страв, очај и турканици на аеродромот во Кабул
Во снимка објавена утрово на социјалните мрежи а направена во близина на аеродромот во Кабул новинар, известувач за светски агенции, напиша: „Вака изгледа очајот. Мноштво луѓе утрово на аеродромот во Кабул, и покрај вчерашниот масакр. Велика Британија и САД предупредуваат за нови напади”, напиша новинарот Гај Елстер.
This is how desperation looks like. Huge crowds at #Kabul airport this morning, despite yesterday carnage. US and UK warn from another attacks pic.twitter.com/GNgTDJDswv
— Guy Elster (@guyelster) August 27, 2021
Според извештаите на светските медиуми, неколку западни земји објавиле дека превозот од Кабул засега е завршен, а според натписите, САД ги затвориле влезовите на аеродромот и спречиле понатамошно заминување на десетици илјади Авганистанци кои работеа за западните земји изминатиот период.
Американските власти велат дека има околу 5.200 американски војници на аеродромот „Хамид Карзаи“.
Пред нападот, САД и сојузниците апелираа до Авганистанците да ја напуштат областа околу аеродромот поради закана од милитантите на Исламската држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.