Свет
(Видео) Судири во Вашингтон меѓу приврзаници на Трамп и контра-демонстранти
Приврзаниците на претседателот на САД, Доналд Трамп и контра-демонстранти се судрија во Вашингтон, а едно лице беше прободено со нож.
За време на судирите, полицијата уапси најмалку 20 лица.
По конфликтот, сегашниот претседател Доналд Трамп ги повика полицијата и градоначалникот на Вашингтон да си ја завршат својата работа.
„Вашингтон пост“ објави дека едно лице било прободено со нож кога избила тепачка помеѓу две групи.
Washington DC—Brawl breaks out in the street between what looks like Proud Boys and BLM-antifa. pic.twitter.com/qUGRd18685
— Andy Ngô (@MrAndyNgo) November 15, 2020
На социјалните мрежи пишува дека избувнале судири меѓу десничарски групи, вклучително и „Горди момци“ од една, и активисти на „Црните животи се важни“ од друга страна.
Les #ProudBoys en nombre dans les rues du centre de Washington. Un groupe d’#Antifas se déplace également dans la zone. Les deux groupes cherchent à s’affronter avec la police au milieu #BlackLivesMatter #Biden pic.twitter.com/Ull4TtcEWq
— Simma Gile (@GileSimma) November 15, 2020
Двајца полицајци беа повредени, а полицијата заплени одредена количина оружје за време на протестот.
Синоќа полицијата затвори големи делови од центарот на градот, каде имало продавници и канцеларии.
Трамп сè уште обвинува за кражба на изборите и одбива да го признае поразот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН
Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“.
Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир.
Претходно вчера, заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН наведувајќи дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава.
Палестинската управа (ПА) го осуди потегот нарекувајќи го „нефер, неетички и неоправдан“.
Кабинетот на претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, го нарече американското вето „еклатантна агресија …туркање на регионот преку работ“.
Израелскиот министер за надворешни работи на Израел, Кац, го пофали американското вето додавајќи: „Срамниот предлог беше отфрлен. Тероризмот нема да биде награден“.
Свет
Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел
САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на Палестинците и да ги принудат да му се покорат на Израел, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
„Со користењето на ветото петтипат од почетокот на ескалацијата во Газа тие повторно го покажаа својот вистински однос кон Палестинците. Според мислењето на Вашингтон, тие не заслужуваат да имаат своја земја“, изјави Небензја.
Тој истакна дека Палестинците се само пречка на патот кон остварување на интересите на Израел.
„САД се подготвени да ги затворат очите пред злосторствата на Израел врз цивилите во Газа, да го игнорираат илегалното населување на Западен Ерусалим на Западниот Брег. Целта е да се скрши духот на Палестинците, да се натераат безусловно да се потчинат на окупаторската власт, да се претворат во слуги и луѓе од втор ред, а можеби и целосно да се искоренат и протераат од нивната родна земја“, изјави Небензја по гласањето за нацрт-резолуцијата за прием на Палестина во ОН.
Како што истакна, резултатот од гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прием на Палестина во ОН како полноправна членка покажува дека САД се речиси целосно изолирани.
„Страдањата на палестинските цивили одекнуваат во срцата и душите на милиони луѓе во светот. Во земјите што доставуваат оружје за Западен Ерусалим сѐ почесто се слушаат гласовите на оние пто се за забрана на таквите испораки. Резултатите од гласањето, кога Вашингтон се најде речиси целосно изолиран, зборуваат сами за себе“, рече рускиот дипломат.
Тој оцени дека американското вето е „неплоден обид да се запре неуморниот тек на историјата“.
„Гледајќи низ прсти на најнепромислените постапки на нашиот сојузник (Израел), немањето желба за барање праведни решенија, е директен пат кон натамошно лизгање во бездната на војната што може да го зафати целиот регион“, рече Небензја.
Тој рече и дека таквата политика е недостојна за една голема сила.
„Историјата нема да ви го прости тоа. Ги повикуваме САД да го слушаат гласот на разумот и да размислат за последиците од нивните одлуки“, рече Небензја.
Свет
Потврдено: нема штета на иранските нуклеарни постројки
Нема штета на иранските нуклеарни постројки, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН.
Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека ја следи ситуацијата „многу внимателно“ и повика на „екстремна воздржаност“.
IAEA can confirm that there is no damage to #Iran’s nuclear sites. DG @rafaelmgrossi continues to call for extreme restraint from everybody and reiterates that nuclear facilities should never be a target in military conflicts. IAEA is monitoring the situation very closely. pic.twitter.com/4F7pAlNjWM
— IAEA – International Atomic Energy Agency ⚛️ (@iaeaorg) April 19, 2024