Свет
(Видео) Тинејџер скрши јајце врз главата на австралиски сенатор поради Нов Зеланд
На австралискиот сенатор, Фрејзер Анинг, кој припаѓа на екстремната десница, тинејџер му искрши јајце од главата додека тој даваше интервју пред камера. Сенаторот се заврте и го удри момчето.
Момчето го скрши јајцето од неговата глава во знак на протест, поради изјавата против муслиманите, по нападот во Нов Зеланд.
Someone has just slapped an egg on the back of Australian Senator Fraser Anning’s head, who immediately turned around and punched him in the face. @politicsabc @abcnews pic.twitter.com/HkDZe2rn0X
— Henry Belot (@Henry_Belot) March 16, 2019
Анинг ја разбранува јавноста кога вчера изјави дека нападот во Нов Зеланд го препишува на програмата за имиграција, што овозможила муслимански фанатици да се населат во Нов Зеланд.
„Треба да бидеме јасни. Ако денес муслиманите се жртви, тие се обично сторители”, рече Анинг, додавајќи дека муслиманската религија е едноставно насилна идеологија.
Сенаторот бурно реагираше на инцидентот со јајцето, па обезбедувањето беше принудено да интервенира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа
Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица беа ранети, објави шефот на воената управа во Керсон, Олександр Прокудин.
„Руската армија гаѓаше станбени области на населени места, при што беа оштетени две катни згради и 10 приватни куќи. Како резултат на руската агресија, две лица загинаа, уште 4 се повредени“, рече Прокудин на Телеграм.
Погоди се забележани и во пристанишната инфраструктура, објектите за критична инфраструктура, трговски центар, комерцијални објекти и автомобили, додаде тој. Според него, непријателот ги гранатирал населбите Дудчани, Нововоронцовка, Михајловка, Одрадокамјанка, Гавриловка, Весела, Золота Балкан, Качкаровка, Антоновка, Станислав, Днепровске, Јантарне, Билозерка, Велетенске, Кизомиш и градот Берег.
Во текот на ноќта, силите за противвоздушна одбрана уништија 26 од 28-те јуришни беспилотни летала што Русија ги користеше за напад на Украина, објави на Телеграм Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.
Свет
Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата
Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис Скот Ки се урна во вторникот наутро откако товарен брод удрил во него.
Двајца мажи на возраст од 35 и 26 години се пронајдени на 7,6 метри под вода, пренесува CBS News. Несреќата се случила во вторникот откако бродот „Дали“ удрил во еден од столбовите на мостот.
Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт. Во вторникот беше објавено и дека бродот Дали, кој удри во мостот, исто така бил вклучен во инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година.
Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, соопштија локалните власти во вторникот вечерта, бидејќи се претпоставува дека се мртви.
Претходно беше соопштено дека спасувачите трагаат по 20 луѓе, додека шефот на противпожарната служба во Балтимор Џејмс Валас во вторникот изјави дека две лица се спасени од реката Патапско.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.