Свет
(Видео) Трамп најави американска доминација во вселената – ќе формира вселенски воени сили
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе нареди создавање нов род на војската која ќе го подготви теренот за доминација на Америка во вселената. „Не е доволно само да постои американско присуство во вселената. Мора да имаме американска доминација во вселената. Ќе имаме воздухопловство и ќе имаме вселенска сила. Различни, но еднакви. Тоа ќе биде нешто. Нешто многу важно”, изјави Трамп.
"We are going to have the air force and we are going to have the space force": President Trump discusses plans for "sixth branch of the armed forces" at Nat'l Space Council meeting https://t.co/BU6U5hnobW pic.twitter.com/W0QgSnCeLQ
— CBS News (@CBSNews) June 18, 2018
Трамп вети дека САД ќе ја задржат доминацијата во вселената пред Кина, Русија и другите земји кои напредуваат во трката за истражување на Месечината, Марс и други планети.
„Америка секогаш ќе биде прва во вселената. Не сакаме Кина, Русија и други да не водат. Ние секогаш водиме“, изјави тој во говорот во Белата куќа, придружуван од потпретседателот Мајк Пенс и претставници на НАСА. Тој рече дека наскоро ќе му даде упатство на Пентагон да формира Вселенски сили како одвоена служба на оружените сили. Според процените на западните медиуми, ова се првите чекори во интензивирањето на американското истражување на вселената.
„Планирано е на Месечината да се испратат роботизирани истражувачи за да го испитаат теренот за враќање на астронаутите, соопшти еден службеник од НАСА. Поранешниот американски претседател Џорџ Буш во 2004 година најави дека луѓето ќе се вратат на Месечината до 2020 година. Неговиот наследник Барак Обама рече дека САД ќе испратат луѓе на Марс до 2030 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.