Свет
(Видео) Трамп повторно ја заборави Меланија: Ќе се качеше во хеликоптер без првата дама
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот ја остави сопругата Меланија зад себе, додека се подготвуваше да се качи на хеликоптер за да стигне на НАТО-самитот во Лондон.
Претседателот се чини дека целосно заборави на својата сопруга, одејќи пред неа, сè додека не сфати дека Меланија не е покрај него, пренесува српски „Телеграф“.
Дури пред да влезе во хеликоптерот, тој се сети на Меланија, па застана и чекаше на тревникот пред Белата куќа.
На видеото се гледа како Меланија забрзано чекори по тревникот на високи потпетици, додека претседателот чека.
Кога конечно стигнува до него, се гледа дека тие разменуваат неколку зборови, а потоа заедно влегуваат во леталото.
Ова е инаку трета официјална посета на американскиот претседател на Велика Британија откако ја предводи земјата, а повод е Самитот на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.