Свет
(Видео) Трамп се налути и ја прекина конференцијата: Прашајте ја Кина
Американскиот претседател, Доналд Трамп, нагло ја прекина прес-конференцијата за новинари во Белата куќа кога на новинарка од азиско потекло на нејзиното прашање ѝ одговори да ја праша Кина.
Дописничката за „Си-би-ес њуз“ од Белата куќа, Веијија Јијанг, го праша Трамп зошто моментната криза ја гледа како меѓународен натпревар кога починаа повеќе од 80.000 Американци.
GOOD for @realDonaldTrump for just walking away from the childish journalists’ sandbox. pic.twitter.com/6LmSS6nrUN
— Jenna Ellis (@JennaEllisEsq) May 11, 2020
„Можеби тоа прашање би требало да ѝ го поставите на Кина“, ѝ одговори Трамп на новинарката, која е родена во Кина, а во САД имигрирала на две години.
„Не прашувајте ме мене, прашајте ја Кина, во ред?“, додаде Трамп.
Тој се обиде да премине на прашања на други новинари, но Јијанг се вмеша и го праша зошто тој одговор е упатен конкретно кон неа.
„Не му го кажувам тоа никому особено, го кажувам на кого било кој поставува грдо прашање“, рече Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.