Свет
(Видео) ФАО: Намалување на загубата и отпадот од храна бара време и трпеливост
Според процената на ФАО, околу една третина од целата храна произведена на глобално ниво, за човечка исхрана, се губи или фрла секоја година.
Загубите и фрлањето на храната ги зголемуваат цените, ја намалуваат достапноста на храна богата со хранливи материи и го намалуваат приходот на малите земјоделци, кои се главни производители на храна. Исто така, ова придонесува кон емисиите на стакленички гасови и негативните ефекти од климатските промени, наведуваа од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.
„Во Европа и Централна Азија, особено во земјите што не се членки на Европската Унија, загубите и фрлањето храна претставува огромен, постојан и комплициран проблем, кој се однесува на сите фактори во вредносните синџири за исхрана, политиките, економиите и пазарите, однесувањето на луѓето и културата, социјалните услови, технологијата, инфраструктурата и инвестициите, со посебна импликација врз природните ресурси и климатските промени. Адресирање на овој проблем е дел од глобалната иницијатива на ФАО – „Штедете храна“ за намалување на загубите и отпадот од храна, која во Европа и централна Азија ја координира Роберт ван Отердајк од ФАО“, се додава во соопштението.
Изразот загуба на храна се користи за загуби што се случуваат во фазата по жетвата. Главните причини се несоодветно складирање, лоши капацитети за зачувување и преработка на храна (главно на лесно расипливи производи), несоодветно планирање на производството, како и лоши пазарни врски помеѓу доставувачите и купувачите, вели Роберт ван Отердајк.
Тој во своето последно интрвју додава дека во однос на загубите на храна што настануваат во малопродажбата, угостителството и на ниво на домаќинства, проблемите произлегуваат од ниската свест за влијанието на загубите на храна како резултат на небрежност. Проблеми, исто така, додава Отердајк, произлегуваат од економски причини – на пример, кога фрлањето храна е поевтино од редистрибуцијата, како и од политиките за храна, законодавството и оданочувањето што не придонесуваат за намалување на фрлањето храна.
Според Отердајк, имајќи предвид дека храната се фрла претежно во приватниот сектор и домаќинствата, само тие, вели тој, може значително да ја намалат загубата и отпадот на храна. Сепак, јавниот сектор е тој што треба да создаде поттик и поволно опкружување (преку соодветна легислатива и инвестициска клима) за приватниот сектор да дејствува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.
Свет
Русија ги повлекува војниците од Нагорно Карабах
Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.
Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.
Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно откако Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.
Во првата половина на 1990-тите, Нагорно-Карабах беше во фокусот на меѓуетничката војна по распадот на Советскиот Сојуз, во која и Ерменија и Азербејџан беа федерални единици.
Тој регион тогаш беше под целосна контрола на бунтовничките Ерменци до војната во 2020 година, кога Азербејџан ја врати контролата врз некои од неговите делови. Таа војна заврши со прекин на огнот и распоредување на 2.000 руски војници во деловите на Нагорно-Карабах кои останаа под ерменска контрола.
Свет
Стопирани сите летови на „Алјаска ерлајнс“ во САД
Американската федерална управа за авијација (ФАА) денеска издаде препорака за стопирање на летовите на „Алјаска ерлајнс“, пишува „Ројтерс“.
Не е наведена причината за приземјувањето.
„Си-ен-би-ес“ објави дека системот на авиокомпанијата што се користи за сметање на тежината и рамнотежата за летови не работи правилно.
Алјаска ерлајнс и ФАА не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Како одговор на поплаките од патниците на социјалната мрежа „Икс“, авиокомпанијата соопшти дека работи на тоа што поскоро да ги внесе патниците во авионот.