Свет
(Видео) Четвртиот ирански танкер со нафта стигна до бреговите на Венецуела
Носејќи стотици барели нафта, танкер под иранско знаме влегол во водите на Венецуела, потврди морнарицата на оваа јужноамериканската земја неколку дена откако други три ирански танкери се закотвија во пристаништата во Венецуела, пренесува РТ.
Танкерот „Факсон“ безбедно пристигна во Венецуела по долго патување во немирните мориња, напиша Венецуелската морнарица на „Твитер“. Беше прикачен и краток клип на кој се гледа нивниот брод за придружба покрај танкерот додека плови низ Карипското Море.
#28Mayo || La TRIBU @ABGUAIQUERIPO11 finaliza exitosamente la misión encomendada de acompañamiento al buque mercante Iraní #FAXON a puerto seguro!#ULTIMAHORA#gasolina #VenezuelaDefiendeSuOro #LealesSiempreTraidoresNunca @NicolasMaduro @ArmadaFANB pic.twitter.com/rcvrKappps
— Patrullero Oceánico AB. GUAIQUERI PO-11 (@ABGUAIQUERIPO11) May 28, 2020
Танкерот е дел од флотата од пет брода испратени да донесат над 1,5 милион барели нафта во Венецуела. Три брода – „Форчн“, „Клавел“ и „Форест“ – веќе стигнаа на своите дестинации.
Каракас претходно тврдеше дека Вашингтон е подготвен да примени воена сила за да го попречи нивното патување повикувајќи се на извештаи дека група бродови се собира надвор од ексклузивната економска зона на Венецуела. Техеран се закани со одмазда ако САД им направат проблеми на бродовите.
Иако е богата со нафта, Венецуела падна во енергетска криза и економска криза поради строгите санкции од САД и политичките немири, кои почнаа кога лидерот на опозицијата поддржан од Вашингтон, Хуан Гваидо, се прогласи за привремен претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.