Свет
(Видео) Шведскиот модел пред колапс – здравствените екпсерти бараат државата да воведе построги мерки
Швеѓаните го игнорираа својот прв карантин поради коронавирусот досега, воведен поради рекордниот број инфекции на Ковид-19.
Луѓето продолжуваат да го користат јавниот превоз масовно и да организираат забави и покрај владините упатства.
Шведска објави построги препораки за своите три најголеми градови кога во земјата се зголеми бројот на заразени од коронавирус за две недели без целосно затворање.
Четири шведски региони, вклучително и градовите Стокхолм, Гетеборг и Малме, се вклучени во ограничувањата.
Новите упатства вклучуваат држење настрана од несуштински продавници и избегнување јавен превоз, спортски сали и музеи.
Регионалниот лекар за заразни болести во Упсала, Јохан Нојд, им го припиша рекордниот број инфекции на луѓе што не ги следеле двете главни препораки на владата – избегнување непотребен јавен превоз и избегнување физички контакт со луѓе надвор од семејството.
„Можеби повеќе од 50 проценти многу внимателно го слушаат советите, можеби дури 80 проценти, но тогаш ги имаме овие 20-40 проценти, кои воопшто не слушаат“, рече тој.
Група научници и здравствени експерти, кои сметаат дека државата не прави доволно за спречување на вирусот преку носење соодветни закони за ограничување на движењето на луѓето, бараат од државата да воведе законски мерки бидејќи, како што велат, болниците се полнат и во наредните две недели би можеле да се соочат со целосен коолапс на здравствениот систем.
Во градот Малме првпат училиштата беа затворени за родители, а библиотеките го ограничија позајмувањето книги. Во меѓувреме, во Скане, регион околу Малме, бројот на случаи на Ковид-19 продолжува да расте.
Случаите во регионот достигнаа седумдневен просек од 374 во четвртокот.
Фредрик Сунд, кој раководи со Клиниката за инфективни болести во Упсала, повика на национална блокада за запирање појава на нови случаи.
„Ние мора да воведеме построги ограничувања зад кои ќе стои законот бидејќи сега видовме дека овие препораки се премногу слаби“.
„Сега имаме можност да направиме нешто во врска со тоа. За неколку недели, нема да има ефект“, нагласи тој.
Шведска, која избегнуваше да биде заклучена за време на пандемијата, во петокот регистрира 4.697 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата, според статистиката на здравствената агенција.
Здравствената агенција соопшти дека врвот во текот на пролетта, веројатно, бил многупати поголем, но дека тогаш имало помалку тестирања.
Шведска регистрира 20 нови смртни случаи од Ковид-19 во петокот за вкупно 6.022 смртни случаја.
Стапката на смртност на Шведска на жител е неколкупати поголема од нордиските соседи, но пониска од некои поголеми европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.