Свет
(Видео) Шефот на „Вагнер“ испрати „крвава“ порака во Европскиот парламент
Шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, утрово испрати чекан прекриен со лажна крв до Европскиот парламент. На овој начин сакаше да одговори на потегот на европските парламентарци кои во средата гласаа Русија да се прогласи за државен спонзор на тероризмот, а Вагнер да се вклучи во листата на терористички организации.
Чеканот го носеше амблемот на Вагнер, а рачката беше обоена со лажна крв.
Евгений Пригожин передал в Европарламент «окровавленную» кувалду с гравировкой логотипа ЧВК «Вагнер»
«Подарок» в скрипичном футляре привез юрист Пригожина Игорь Елисеев из Петербурга и передал ее блогерам, которые якобы должны отправить инструмент в Европу. pic.twitter.com/AeHGOHqSYz
— SOTA (@Sota_Vision) November 24, 2022
Чеканот на Пригожин, кој бил спакуван во кутија за виолина, го испратил неговиот адвокат, кој го оставил пред капијата.
Вагнер е приватна платеничка воена група со блиски врски со Кремљ. Тие се познати по учеството во најжестоките битки за клучните области во војната со Украина. Иако се со седиште во Европа, познато е дека се борат во Сирија, како и во Северна и Супсахарска Африка, пишува „Индекс“.
Пригожин рече дека одржал состанок со командантите на групата и дека одлучиле Европскиот парламент да се прогласи за „распуштен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.