Контакт

Свет

(Видео) 1.944 луѓе досега го загубија животот во Индонезија, а речиси 5.000 се водат како исчезнати

Објавено пред

Бројот на лица загинати во катастрофалниот земјотрес и цунамито што го погоди индонезискиот остров Сулавеси се зголеми на 1.944, објавија официјалните претставници.

dobivaj vesti na viber

Повеќето од жртвите се од градот Пал, кој е еден од најзагрозените, изјави претставник на службата за итни случаи, објави АП. Речиси 5.000 лица сè уште се водат како исчезнати.

Најголем број од исчезнатите се исто така во градот Пал, на островот Сулавеси, кој беше најтешко погоден од земјотресот и цунамито што се случи пред повеќе од една недела.

Подрачјето на Пал, со приближно 350.000 жители, на 28 септември првин го погоди земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала по што следуваше цунами со бранови високи околу три метри.

Спасувачката акција и натаму е во тек, под урнатините сè уште се бараат луѓе што останале затрупани, а властите стравуваат дека бројот на загинати и натаму би можел да расте.

По неколку дена чекање, во земјата почна да пристигнува меѓународна помош, која им е потребна на 200.000 луѓе. Пристапните патишта и аеродромот се оштетени, па пристапот на помошта е отежнат.

Свет

Путин разговараше со иранскиот претседател

Објавено пред

Руската државна новинска агенција РИА на својот канал на Телеграм објави дел од разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси.

dobivaj vesti na viber

„Путин и Раиси разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток во телефонски разговор по израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск и одмаздничките мерки на Техеран“, соопшти Кремљ.

„Путин изрази надеж дека сите страни ќе покажат разумна воздржаност и нема да дозволат нова рунда конфликти“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Свет

Шји: Кина не е ниту страна ниту учесник во украинската војна

Објавено пред

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц во Пекинг изјави дека Кина не е вклучена во руската војна против Украина, пренесува германската агенција „Дпа“.

dobivaj vesti na viber

„Кина не е ниту страна ниту учесник во украинската криза“, се вели во соопштението објавено во вторникот по средбата меѓу двајцата лидери во Пекинг.

Наместо тоа, Кина отсекогаш „промовирала мировни преговори на свој начин“, рече Шји.

Пекинг ќе поддржи меѓународна мировна конференција во догледно време, но Русија и Украина ќе мора да ја прифатат, рече кинескиот лидер.

Досега Москва ја одби поканата за планираната конференција во Швајцарија во јуни. Сè уште се чека одговорот на Кина на поканата на алпската земја.

Кина е близок сојузник на Русија. Постојано има обвинувања за кинески компании што ја снабдуваат Русија со таканаречените стоки со двојна употреба – оние што може да се користат и за цивилни и за воени цели.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата; Кремљ: Режимот на Киев ги користи таквите идеи

Објавено пред

Кремљ денеска ладнокрвно реагира на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за прекин на огнот во меѓународните конфликти за време на Олимпијадата во Париз велејќи дека Украина може да го искористи тоа како можност за прегрупирање и повторно вооружување, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Прекинот на непријателствата според олимпиското примирје е долгогодишна традиција, а Макрон во интервјуто во понеделникот рече дека ќе работи на тоа да го постигне кога Париз ќе биде домаќин на Летните игри од 26 јули до 11 август.

Запрашан за ова, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека и рускиот претседател Владимир Путин и руската војска забележале дека, по правило, режимот во Киев ги користи таквите идеи и иницијативи за да се обиде да се прегрупира и повторно да се вооружи.

Тој не наведе ниту еден конкретен пример за вакво однесување на Украина. Војната беснее од 24 февруари 2022 година кога Путин ја почна, како што рече, „специјалната воена операција“ во Украина, а во тој период немаше прекин на огнот.

Песков не отиде толку далеку за да ја отфрли можноста за олимписко примирје, но рече дека сè уште никој не презел никакви официјални чекори во тој поглед.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија3 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија4 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија4 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет5 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет5 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија6 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион6 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет7 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет7 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион7 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија17 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија17 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...