Свет
Во Виетнам почнува вториот самит на Трамп и Ким
Американскиот претседател, Доналд Трамп, пристигна во Виетнам на средба со севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун, а главната тема ќе биде досегашниот напредок во денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.
Во пресрет на почетокот на вториот самит со Ким Џонг-ун, Трамп рече дека не сака да ја притиска Северна Кореја, но САД не сакаат нови нуклеарни проби на севернокорејската страна.
„Сè додека нема нови нуклеарни проби, ние сме среќни“, рече Трамп, кој се сретна до Ким Џонг-ун во јуни минатата година во Сингапур.
Севернокорејскиот лидер пристигна вчера со воз во Ханој по неколкучасовно патување, а самитот на двата шефа на држави е планирано да почне денеска и да трае два дена.
Американските и севернокорејските претставници во Сингапур постигнаа договор во кој двајцата лидери се согласија за потребата од денуклеаризација, но никогаш не е одредено што би било опфатено со тоа. „Ројтерс“ објави дека САД безброј пати побарале од Пјонгјанг целосно и да се ослободи од својот нуклеарен арсенал.
Северна Кореја потврди дека веќе направила позитивни гестови со тоа што се воздржувале повеќе од една година да пукаат со балистички ракети и да спроведуваат нуклеарни тестирања и дозволиле повеќе инспекции во нивните нуклеарни објекти.
Лидерот на Северна Кореја пристигна во Ханој во вторникот наутро со оклопен воз на Кина и се симна на железничка станица во Донг Данг, виетнамски град по должината на границата, по тридневни патувања и поминати повеќе од 4.000 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.