Свет
Викинзите ги истребиле исландските моржови
Неодамнешните откритија укажуваат дека исландскиот морж исчезнал од Исланд во одреден момент во текот на 13 век, непосредно по пристигнувањето на викинзите. Заедничките истражувања на дански, норвешки и на исландски научници ги обвинуваат Ноорвежаните за уништување на популацијата на моржот, пренесува НРК.
Нежниот гигант кој со илјадници години бил на врвот на синџирот на исхрана на Исланд станаа предмет на интерес на викинзите поради неговото месо, кожа и бивни.
„Големите морски цицачи можеби биле причината зошто викинзите се преселиле на островот“, вели Аксел Кристоферсен, професор на одделот за историја и археологија и културна историја при Норвешкиот универзитет за наука и технологија.
Исландскиот морж, подвид на својот роднина од Атлантикот, исчезна во 13 век по неколку стотини години ловење. Норвешките доселеници се населиле на Исланд на крајот на 8 век намногу поради моржот.
„Моржовите биле многу важен извор во тоа време. И бивните и кожата биле барана стока. Бивните се користеле, меѓу другото, за украси во црквата, а кожата на моржот се користела за јажиња. Без јажиња, норвешките морепловци не можеле да ги креваат своите едра“, вели Кристоферсон.
Во својата студија истражувачите заклучиле дека ловот на морж во Исланд е најраниот познат пример како економските интереси доведуваат до трајно и неповратно оштетување на морскиот екосистем.
„Ова се многу интересни откритија зашто покажуваат дека кога луѓето доаѓаат на ново место, тие максимално ги искористуваат животинските и природните ресурси“, вели истражувачот Бастијан Стар од Универзитетот во Осло.
Денес, во отсуство на моржовите, фооките се најголемите цицачи на Исланд.
Колонизацијата на Исланд почнала во 874 година кога Инголф Арнарсон станал првиот официјален доселеник. Денес, Исланд има 330.000 жители, од кои повеќето се со скандинавско потекло. Викинзите исто така се заслужни за препознатливиот карпест пејзаж на Исланд бидејќи ги уништиле шумите за дрво и за градежни материјали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.