Свет
Водачот на тимот на СЗО по враќањето од Вухан: Имаме нови докази
Научникoт што ја водеше мисијата на СЗО со цел да се утврди потеклото на коронавирусот во Вухан ги откри првите докази дека вирусот широко циркулирал пред официјален Пекинг да признае за тоа.
Питер Ембарек и неговиот тим откриле дека во декември минатата година во Вухан имало најмалку 13 вида коронавирус, што укажува на тоа дека вирусот веќе некое време бил меѓу човечката популација и со тоа мутирал, пишува „Блиц“.
Откриле и дека речиси 1.000 луѓе во Вухан можеби биле заразени уште на почетокот на декември 2019 година. Таа процена ја базираат на кинески податоци, кои покажуваат 174 тешки случаи на заболување.
Ембарек не сакаше да изнесе заклучок дека вирусот циркулирал во Кина пред декември, но професорот Едвард Холмс, вирусолог од Австралија, за Си-ен-ен изјави дека сите докази укажуваат на тоа дека вирусот веројатно циркулирал некое време пред декември.
Новите коментари на д-р Ембарек се значително поинакви од оние што ги даде минатата недела додека тимот сè уште беше во Кина кога тој инсистира на тоа дека нема докази за пренесување на вирусот во Вухан или на друго место пред декември 2019 година. Тој исто така ги повика научниците да престанат да ја истражуваат можноста дека вирусот избегал од лабораторија.
The head of the World Health Organization-led team of experts investigating the origins of COVID-19, Peter Ben Embarek, said on Tuesday that it was “very unlikely” that a leak from a laboratory was the source of the outbreak. https://t.co/Zbr8baWRPq
— Reuters Health (@Reuters_Health) February 9, 2021
Критичарите, вклучително и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ја обвинија СЗО за поддршка на кинеската пропаганда за потеклото на короната, а минатонеделните коментари на д-р Ембарек само додадоа масло на огнот.
Дури по враќањето во Европа, Ембарек откри дека неговиот тим имал пристап до картоните на само 92 пациенти од целата провинција Хубеј, датирани пред декември 2019 година, кои покажале можни докази за инфекција со коронавирус. Притоа имале можност 67 од нив да ги тестираат на антитела и сите резултати биле негативни.
Сепак, Ембарек вели дека треба да се направат повеќе тестови бидејќи е можно антителата на коронавирусот кај тие пациенти да исчезнат пред да бидат тестирани повторно. Особено тој ги повика властите во Пекинг да му дадат пристап на неговиот тим до 200.000 примероци крв од резервите во Вухан, кои потекнуваат пред две години и сите да ги тестираат на антитела.
Примероците од крв даваат увид во тоа што имало во системот на пациентот во моментот на земањето на крвта, вклучително и антитела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Свет
Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок
Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им кажало на инспекторите дека убил човекот пред две години без никаква причина, соопштија органите на редот.
Според законите во Тексас, детето не може да биде обвинето за злосторството бидејќи во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.
Момчето им кажало на училишните службеници дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.
Како што е наведено, момчето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.
Тој рече дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.
Тој исто така изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.
На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинет за убиството во 2022 година.
Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор, каде го чека почетокот на судењето.
Свет
Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета
Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета.
Тестот за моќност на супер-големата боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се одржаа во петокот, објавија државните медиуми.
„Пробното лансирање постигна одредена цел“, објави КЦНА.
Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со околната ситуација“.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарна боева глава.
Тестовите на крстосувачки ракети не подлежат на санкции против Пјонгјанг. Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за пренесување на нуклеарни боеви глави.
Наспроти позадината на конфликтот околу севернокорејската програма за нуклеарно оружје, тензиите на Корејскиот полуостров повторно значително се зголемија. Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа својата воена соработка, вклучително и заеднички маневри, како одговор на повеќекратните ракетни тестови на Пјонгјанг со нуклеарни капацитети во последните две години.