Свет
(Вознемирувачко) Демонстрантите во Чиле запалија полицајка, објавена снимка
Крвавите протести во Чиле не запираат. За време на демонстрациите во главниот град Сантјаго, полицијата вчера со толпата се справуваше со помош на солзавец и водни топови, а демонстрантите одговорија со разни средства, вклучувајќи и „молотови коктели“.
Со нив биле погодени и две полицајки, кои завршиле во болница.
Тие биле погодени во пределот на главата, а особено шокантни се фотографиите и снимките на една од нив, на која се гледа целиот ужас низ кој поминува полицајката додека нејзините колеги се обидуваат да ја изгаснат.
Повредени се 20-годишната Абигејл Каталина Абурт Кардењас и нејзината пет години постара колешка, Марија Хозе Хернандез Торес, и двете припаднички на специјалната полиција на градот Сантјаго.
Во болницата ги посети министерот за внатрешни работи, Гонзало Блумел, кој го осуди нападот.
Протестите во Чиле почнаа кон средината на октомври поради порастот на цената на билетите за метрото во главниот град, но набргу прераснаа во израз на општо незадоволство од владеењето со земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството.
Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените.
– Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.
Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се повикани уште неколку.
Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помладиот син на Светлана Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.
Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот се осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага. .
Регион
Мајката на убиецот на Данка пристигна во Обвинителство
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е главен осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ, пристигна во Вишото јавно обвинителство во Заечар каде ќе биде сослушана.
„Според решението на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар, притворот на осомничените им истекува на 3 мај. Тие ќе бидат испратени на психијатриско вештачење, веднаш штом ќе се исполнат условите“, соопштија од Јавното обвинителство.
Адвокатот на Драгијевиќ најави дека ќе има разговор со Радослав Драгијевиќ, кој е во притвор бидејќи е осомничен дека му помагал на синот Дејан да го отстрани телото на Данка Илиќ.
Таткото и братот на Дејан Драгијевиќ се уапсени под сомнение дека помагале во делото.
Свет
Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен
Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“.
Момче (15) е уапсено откако епископот, свештеникот и верниците биле нападнати за време на миса во црква.
Најмалку четири лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, соопшти полицијата, а пренесува Би-би-си.
Повреден е и напаѓачот.
Инцидентот бил снимен во живо во црквата и брзо предизвикал немири во предградието Вејкли. Иако истрагата се уште е во тек, полицијата смета дека најверојатно се работи за верски мотивиран екстремизам. Властите постојано одбиваат да ја прецизираат религијата на напаѓачот.
Синоќа пред црквата каде што се случи нападот избија протести во кои стотина демонстранти се судрија со полицијата. Повредени се двајца полицајци, а уништени се 10 полициски автомобили.