Свет
Володин: „Леопардите“ ќе бидат уништени како и фашистичките „тигри“
Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин, изјави дека тенковите што Германија ќе ѝ ги испорача на Украина ќе ја доживеат истата судбина како оние од Втората светска војна.
Тој објави порака на каналот „Телеграм“ по повод 80-годишнината од битката кај Сталинград.
„Како што покажа историјата, не сите ги научија лекциите од уништувањето на нацистичка Германија во Сталинград“, рече тој, пренесува „Спутник“.
„Поранешната канцеларка Ангела Меркел, додека беше на функцијата, ги мамеше меѓународната заедница и сопствениот народ, му помогна на режимот во Киев да се подготви за војна. Актуелниот канцелар Олаф Шолц отиде чекор понатаму донесувајќи одлука да испрати германски тенкови во војна против Русија. Нивната судбина ќе биде иста како пред 80 години. ‘Леопардите’ ќе бидат израмнети исто како и фашистичките ‘тигри’“, рече Володин.
Претседателот на Думата додаде дека германските власти треба да се сеќаваат на 1943 година и да им објаснат на нивните граѓани зошто повторно го воведуваат германскиот народ во војна, пренесе „Политика.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.