Свет
Вонредна состојба во Нов Јужен Велс, беснеат околу 100 пожари
Во Нов Јужен Велс, југоисточна Австралија, е прогласена денешна седумдневна вонредна состојба, бидејќи избувнаа околу 100 пожари поради рекордни високи температури.
Околу 2.000 пожарникари се борат со пожарите, од кои половината се ставени под контрола со поддршка на американски и канадски екипи и членови на австралиските одбранбени сили.
A fire tornado burns rapidly as firefighters @NSWRFS contain the #currowanfire in New South Wales.
Australia's PM Morrison is under scrutiny for taking a vacation in Hawaii during the #QLDFires and #NSWFires. More @business: https://t.co/bnuwOoC5RD pic.twitter.com/uu770MEIY0
— QuickTake by Bloomberg (@QuickTake) December 19, 2019
Последен пат беше прогласена вонредна состојба во Нов Јужен Велс кон средината на ноември, потсетува АП.
Во пожарите досега загинаа пет лица, изгореа повеќе од 680 куќи и речиси 1,2 милион хектари шума и друга вегетација.
Австралија вчера забележа нов рекорд со просечна максимална температура од 40,9 Целзиусови степени.
Температурите во Австралија се очекува да опаѓаат по Божиќ.
Поради топлотниот бран што ја зафати Австралија, предизвикувајќи пожари, лекарите го предупредуваат населението да се заштити од топлината што е можно повеќе.
Комбинацијата на густ чад што се таложи над населените места и интензивната топлина предизвика бројни здравствени предупредувања, особено за младите и старите лица, како и за оние со респираторни проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.