Свет
Вооружена банда нападнала конвој со ураниумско гориво за нуклеарна централа во Бразил
Камион што пренесувал нуклеарно гориво во една од електроцентралите во Бразил бил нападнат од група вооружени лица кои отвориле оган кон полицајците што го обезбедувале конвојот, пренесува РТ.
Пратката со ураниумско гориво била нападната во вторникот во градот Фраде, на околу 30 километри од Ангра дос Реис, каде што се наоѓа нуклеарната централа „Ангра 2“. По интензивната размена на оган со вооружените лица, полицајците, од кои ниту еден не бил повреден, успеале да го спречат нападот, соопшти полицијата.
Од „Елетронуклеар“, подружницата на Centrais Elétricas Brasileiras SA, која управува со нуклеарната централа „Ангра 2“, нагласија дека инцидентот не предизвикал одложувања во испораката на ураниум. Компанијата, исто така, се сомнева дека напаѓачите имале намера да го одземат товарот, тврдејќи декаможеби станува збор за војна меѓу локалните криминални банди и дека конвојот бил фатен во престрелка.
Допрва треба да се утврди дали напаѓачите имале намера да ја украдат пратката со ураниум. Граѓанската полиција сега се обидува да го утврди мотивот зад инцидентот. Напаѓачите успеале да избегаат од местото на настанот, но полицијата пронашла пиштол со калибар од 9 мм и сега се обидува да ја пронајде вооружената група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак
Проиранската милиција ПМФ (Сили за народна мобилизација) објави дека во текот на ноќта се случила голема експлозија во нивната воена база Калсо на околу 50 километри јужно од Багдад, Ирак, а два безбедносни извори тврдат дека станува збор за воздушен напад, пренесува Ројтерс.
Еден војник на ПМФ е убиен, а шестмина се ранети, соопштија два извори од болницата во блискиот град Хила.
Од експлозијата е причинета материјална штета, а има и повредени“, се вели во соопштението на ПМФ и се додава дека истрагата е во тек.
Два безбедносни извори изјавија дека се уште не знаат кој е одговорен за воздушниот напад. Американски официјален претставник изјави дека немало американска воена активност во Ирак.
Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.
Фракциите во рамките на ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак среде кампањата на Израел во Газа, но ги прекинаа нападите од почетокот на февруари.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.