Свет
Вооружени судири во главниот град на Либија, илјадници луѓе бегаат од своите домови
Вооружени престрелки и експлозии одекнуваа и денеска во Триполи во раните утрински часови, додека силите на Либиската национална армија (ЛНА) на генералот Калифа Хафтар ги потиснуваат силите на меѓународно признатата влада околу затворениот меѓународен аеродром во квартот Аин Зара.
Поради борбите меѓу силите на генералот Хафтар и војниците лојални на владата на премиерот Фајез ал-Серџ, домовите ги напуштиле речиси 9.500 луѓе во главниот град, соопштија од ОН.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека подготвува планови во случај илјадници, па дури и стотици илјади луѓе, да станат раселени лица.
Притисокот на Хафтар врз Триполи, во северозападниот дел на Либија, е најновиот конфликт во кругот на насилства и хаос што датира уште од бунтот во 2011 година и соборувањето од власт на Моамер Гадафи.
Војската на Хафтар во својот пробив стигна до јужните предградија на Триполи на оддалеченост од 11-ина километри од центарот на градот.
Хуманитарната агенција на ОН соопшти дека во последните 24 часа околу 3.500 луѓе ги напуштиле своите домови во Триполи и дека 90 проценти од оние што требало да бидат евакуирани не може да се префрлат во побезбедни области. Синоќа, Европската Унија ги повика силите на ЛНА да ја запрат офанзивата.
Покрај тоа што ги загрозува цивилите, новиот конфликт се заканува да го запре снабдувањето со нафта, да ја зголеми миграција преку Медитеранот во Европа и да ги охрабри исламските милитанти да го искористат хаосот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.