Свет
Во Бразил не се смирува пандемијата на коронавирусот, 11.678 нови случаи и 807 починати
Во Бразил се потврдени 11.687 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени изнесува 374.898, се вели во официјалниот извештај за епидемиолошката состојба во таа земја.
Во документот се наведува дека за 24 часа, починале уште 807 лица, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот изнесува 23.473.
Главниот фокус на инфекцијата е државата Сао Пауло, каде што што живеат повеќе од 21 милион луѓе.
Според официјалните податоци, најмалку 83.600 луѓе биле заразени во таа бразилска држава, со 6.200 смртни случаи.
Во државата Рио де Жанеиро потврдени се 39.229 случаи на инфекција, починале 4.105 лица, а во државата Сеара заразени се 36.185 лица, со 2.493 смртни случаи, пренесе ТАСС.
Бразил е втора земја во светот по бројот на заболени, по САД.
Бразилското Министерство за здравство предвидува дека епидемиолошката состојба може да се стабилизира најрано до јули и дека растот на бројот на заразени лица може да забави во септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.