Свет
Во воздушен напад во Нигер убиени 12 лица – меѓу загинатите и четири деца
Нигериската армија уби и рани деца во воздушен напад врз соседен Нигер, соопштија денеска локалниот гувернер на Нигер и државната телевизија.
Од друга страна, нигериските вооружени сили соопштија дека сè уште го истражуваат инцидентот.
Нападот се случил во петокот во село во регионот Маради во Нигер, кое се наоѓа на неколку километри од границата со Нигерија, изјави гувернерот на Маради, додавајќи дека во нападот загинале седум деца, а пет се повредени, пренесува Ројтерс.
Нигериската државна телевизија исто така објави дека нигериските сили стојат зад нападот, но без да обезбеди докази.
Нигерискиот генерал-мајор Џими Акпор изјави дека нигериските воздухопловни сили не вршат никакви упади во областа надвор од територијалната граница на државата и додаде дека истрагата за овој инцидент е во тек.
Меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ (MSF), која се грижеше за некои од ранетите, потврди дека нападот се случил, а загинале 12 лица, меѓу кои и четири деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.