Свет
Во експлозија на бомба во Авганистан загинаа 10 лица
Десет цивили, меѓу кои и една жена и дете, загинаа утрово во експлозија на бомба во југоисточната авганистанска провинција Газни, соопштија локалните власти.
Шест лица се повредени, меѓу кои и три жени.
Бомбата експлодирала во квартот Јагато, изјави локалниот советник Насир Ахмад Факири.
Портпаролот на гувернерот на покраината Газни, Ариф Нори, ја потврди веста.
Бомбата била поставена на 300 метри од воена база со цел на неа да наидат авганистанските безбедносни сили, а официјалните претставници ги обвинија талибанците за нападот.
Ова е втор напад во оваа област во последните две недели.
Според мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан, во периодот од јануари до септември во Авганистан биле убиени 2.500 луѓе, а повеќе од 5.600 се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.