Свет
Во Ел Салвадор уапсени над 400 члена на озлогласена банда
Полицијата во Ел Салвадор уапсила повеќе од 400 члена на бандата Мара Салватруча во една од најголемите акции за борба против криминалот во земјата.
Оваа банда исто така е позната под краткиот назив МС-13, а некои од уапсените се осомничени за трговија со наркотици, изнуда и нарачување убиства на полициски службеници, објави АП.
Директорот на Националната полиција, Хаурад Кото, рече дека целта на операцијата била да се растури широка финансиска и логистичка криминална мрежа.
Во повеќе од 400 претреси полицијата конфискувала хотели, куќи, возила и бродови. Меѓу уапсените исто така е и евангелистички свештеник, кој, наводно, им давал на криминалците лажни потврди дека биле ангажирани во општествено-корисна работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.