Свет
Во Лос Анџелес погребан Кирк Даглас
Познатиот американски актер Кирк Даглас денеска беше погребан во Лос Анџелес, два дена откако почина на 104-годишна возраст.
Според „Фокс њуз“, Даглас во неговиот вечен дом, на гробиштата Вествуд, го испратиле членови на семејството, меѓу кои и синот, славниот холивудски актер Мајкл Даглас (75).
На погребот присуствувале и другите два сина на Кирк, Питар и Џоел.
На погребот била и неговата сопруга Ен Бајденс која има сто години, а заедно во брак минале 65 години.
Покрај Мајкл Даглас, на погребот присуствувала и неговата сопруга, исто така познатата американска актерка, Кетрин Зита Џонс.
Кирк Даглас е роден на 9 декември 1916 година, како Ишур Даниелович во градот Амстердам во сојузната држава Њујорк, во сиромашно семејство на еврејски имигранти кои потекнувале од место во денешна Белорусија.
Пред да се приклучи на американската морнарица во 1941 година, името Изи Демски, кое го користел дотогаш, официјално го променил во Кирк Даглас.
Од почетокот на актерската кариера во 1946 година, се појавил во повеќе од 90 филмски улоги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.