Свет
Во Мексико прва пациентка заразена со Ковид-19 и грип истовремено
Жена на 54 годишна возраст е првата личност во Мексико која е заразена со ковид-19 и грип А (Х1Н1) истовремено, соопштија властите.
„ Таа страда од автоимуни болести, рак и дебелина, заедно со хронично белодробно заболување“, рече на редовната прес-конференција Хозе Луис Аломиа, директор на епидемиолошката служба во Министерството за здравство.
Пациентката имала симптоми кон крајот на септември што довело до нејзино хоспитализирање. Лекарите велат дека нејзината состојба е стабилна.
Мексико е четврта земја најтешко погодена од пандемијата на Ковида-19, со досега 83.781 починати и околу 817.503 заразени, покажуваат најновите официјални податоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.