Свет
Во најновиот документарец Мајкл Мур го спореди Трамп со Хитлер
Режисерот Мајкл Мур го спореди американскиот претседател, Доналд Трамп, со Адолф Хитлер во својот нов провокативен документарец „Фаренхајт 11/9“, кој светската премиера ја имаше во четвртокот на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.
Во документарниот филм се истражува кои сили довеле до победа на Трамп на претседателските избори во ноември 2016 година, односно се прави паралела со подемот на Хитлер во 30-тите години на минатиот век во Германија.
Белата куќа не е достапна за коментар во врска со ова прашање, објави „Ројтерс“.
Во филмот, од еден дел, во видеоснимки од конференции на Хитлер се ставаат зборови на Трамп.
„Тој (Трамп) е присутен веќе долго време, а ние веќе долго време се однесуваме на ист начин. Доколку погледнете наназад, ќе видите како сме му го поплочувале патот“, рече режисерот Мур.
„Новиот филм e повик до Американците за акција“, рече Мур, кој освои Оскар во 2003 година за документарниот филм за вооруженото насилство Bowling for Columbine.
„Во војна сме да ја вратиме нашата земја“, додаде тој, подвлекувајќи дека секој кој не разбира дека ова се случува ќе биде горко разочаран од резултатите на Доналд Трамп следната година.
Називот „Фаренхајт 11/9“ филмот го добил по раните утрински часови на 9 ноември 2016 година, кога републиканскиот кандидат Доналд Трамп официјално прогласи победа над кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.