Свет
На Нов Зеланд предупредување дека земјата влегува во нова фаза на пандемијата
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн предупреди дека земјата влегува во нова фаза како одговор на пандемијата на коронавирусот бидејќи бројот на заразени почнува да се зголемува секој ден.
„Првпат од почетокот на епидемијата влегуваме во период во кој Нов Зеланд ќе забележи поголем број случаи на Ковид-19 во заедницата“, рече Ардерн, пренесува „Гардијан“.
Таа истакна дека тоа ќе биде период на неред, како и дека е свесна колку ризици ќе има.
Додаде дека тоа ќе биде искуство што досега не го доживеале.
Премиерката најави дека земјата ќе влезе во таканаречената фаза 2 за да се бори против омикрон-сојот на коронавирусот.
Тоа значи дека времето на домашна изолација на заразените ќе се намали, а здравствените работници повеќе ќе се потпираат на следење на контактите преку апликации и онлајн-прашалници, а не на истражување секој случај.
Исто така, се препорачува да се тестираат само луѓе шот имаат симптоми на инфекција или биле во директен контакт со заразено лице.
Речиси секој ден земјата бележи речиси рекорден број новозаразени лица.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 981 случај на коронавирус наспроти претходниот рекорд од 810 во неделата и 454 претходниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.