Свет
Во Русија целосно вакцинирани 3,5 милиони луѓе
Русија води во Европа по бројот на луѓе што завршиле целосна вакцинација против коронавирусот, односно 3,5 милиони Руси веќе ги примиле двете дози на вакцината „спутник В“, изјави шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев, пренесува ТАСС.
„Русија е лидер во Европа по бројот на вакцинации против коронавирусната инфекција – две компоненти на ‘спутник В’ веќе се примени од 3,5 милиони луѓе. Ниту една друга европска земја сè уште не вакцинирала три милиони луѓе. Русија, заедно со Кина, САД, Индија и Израел, е рангирана во првите пет земји во светот според бројот на вакцинирани лица. Вкупниот број на инјекции честопати погрешно се споредува со овој показател, а Русија користи конзервативен пристап при пресметување на вакцинациите врз основа на целосна вакцинација со две компоненти“, рече Дмитриев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.