Свет
Во Саудиска Арабија погубена домашната помошничка која го уби работодавецот во самоодбрана додека ја силувал
Во Саудиска Арабија погубена е Тути Турсилавати (34), домашна помошничка од Индонезија која го уби својот работодавец додека ја силувал и така го прекрши постојниот закон. На 11 мај 2011 година Тути, во обид на самоодбрана, откако тој се обидел да ја силува, го уби Суд Малхака Ал Утаиби, во чие домаќинство работела од 2009 година.
Потоа Тути се обиде да избега и да најде засолниште во Мека. Меѓутоа, во обид да избега ја силувале девет мажи кои лажно ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат. По една недела кошмар, таа беше уапсена во Таиф. За време на судењето индонезиската активистичка организација Migrant Care тврдеше дека убиството Тути го извршла во самоодбрана, но нивните обиди не беа успешни. Тути е погубена на 29 октомври 2018 година, и ова е трета домашна помошничка која го загуби животот во ваква ситуација.
Бидејќи Тути беше Индонезијка која мигрирала и работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, властите на нејзината родна држава се обидоа да ја заштитат од суровата казна. Претходно, поранешниот претседател на Индонезија Бахарудин Јусуф Хабиби сакаше да ѝ прости на Тути и се пожали на правните механизми во Саудиска Арабија. Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, го повика саудискиот министер Адел ал Џубеир бидејќи не го извести за погубувањето на Тути Турсилавати. И веста за погубувањето на претходните слугинки не беше навремено јавена.
Членовите на индонезискиот парламент не се задоволни со пресудата. „Кралството на Саудиска Арабија ги игнорираше основните принципи на човековите права, вклучувајќи го и правото на живот”, рекоа тие. Освен тоа, целата приказна на површината ги изнесува бројните проблеми на кои наидуваат луѓето кои поради сиромаштија заминуваат на работа во Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.