Свет
Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000
Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат податоците на „Ворлдометерс“.
Најголем број заразени има во САД – 164.253, а вкупно досега починале 3.167.
Потоа следува Италија со 101.739 случаи, и тоа најмногу на северот на земјата – починале 11.591 човек, а се излекувале 14.620.
Во Шпанија вкупно 87.956 луѓе се заболени со Ковид-19, 7.716 починале, а се излекувале 76.052.
Кина е на четвртото место по бројот на инфицирани со 81.518 случаи, починале 3.305 лица, а сосема се излекувале 76.052 пациенти.
Во Германија се регистрирани 66.885 случаи, починале 645 лица, а се излекувале 13.500. Франција има 44.550 случаи, 3.024 жртви, а се излекувале речиси 8.000.
Голем број случаи има во Иран – 41.495, вкупниот број починати речиси е 3.000, а се излекувале 13.911 луѓе.
Во Велика Британија заразени се 22.141 човек, починале речиси 1.500, а се излекувале 135.
Северна Кореја и натаму регистрира нови случаи, од последните резултати заразени се уште 125 лица, а починале четири, така што вкупниот број заболени е 9.786, починати се 162, а се излекувале 5.408.
Во регионот Босна и Херцеговина утрово има вкупно 371 случај, од кој 17 се излекувале и 10 починале, Хрватска 790 заразени, од кои починале 6 и се излекувале 67. Словенија има 756 заразени, 11 починати и 10 излекувани. Северна Македонија има 258 заразени, 7 починати и 12 се излекувале и Црна Гора има 91 заразен и 1 починат. Србија има 785 заразени, 16 починати и 42 излекувани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.