Свет
Во светот од Ковид-19 досега починале над 1,6 милиони луѓе
До денеска од Ковид-19 во светот починале 1.611.959 луѓе. Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина 72 милиони, а според податоците од сајтот Ворлдометерс, изнесува точно 72.126.781. Оздравеле 50,4 милиони луѓе, а активни случаи во светот има речиси 20 милиони.
Најголем број на заразени лица, 16 милиони, сè уште има во Соединетите Држави, кои се на прво место според бројот на жртви со 300.000 смртни случаи.
Во последните 24 часа, во САД е регистриран рекорден дневен број на новоинфицирани над 230.000, објави Фајненшл тајмс.
Индија е на второ место во вкупниот број на потврдени случаи со 9,8 милиони заразени и 143 000 мртви, а на трето место е Бразил со 6,8 милиони заразени и 181 000 мртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.