Свет
Во Турција забрането излегување за помлади од 20 години
Во Турција, на полноќ стапува на сила забраната за излегување на улица за млади под 20 години, како дел од мерките за борба против коронавирусот, соопшти претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Властите, исто така, ги затворија границите на 31 град за следните 15 дена, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, а од забраната се исклучени возилата за итни случаи.
Употребата на маски за лице ќе биде задолжителна на фреквентни места, додаде Ердоган, појаснувајќи дека тие ќе треба да се носат на пазари и во продавници.
Во Турција заразени се 20.921 лице, а 425 починале, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.
„Во нашата земја, младите под 20-годишна возраст, значи оние родени по 1 јануари 2000 година, нема да им биде дозволено да излезат на улица од полноќ во петок“, рече Ердоган во телевизиско обраќање.
На луѓето над 65 години и на оние со хронични заболувања веќе од претходно им е забрането да излегуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.