Свет
Врховниот суд на Индија: Загадувањето на воздухот го претвори Делхи во гасна комора
Врховниот суд во Индија соопшти дека зачудувачки слабиот квалитет на воздухот во Њу Делхи е сличен на гасна комора што ги задушува жителите и ги критикува градските власти и локалните земјоделци за нивната неактивност во врска со кризата, пренесува РТ.
Со оглед на тоа што квалитетот на воздухот во главниот град на Индија се влошува од година на година, на сослушувањето во понеделникот врховните судии рекоа дека живеењето сега е полошо од пекол и побараа одговор зошто властите не прават повеќе за решавање на проблемот.
„Ако се создаде ваква состојба во главниот град на земјата, како ќе преживее народот? Како ќе стане земјата глобална суперсила ако не сте во можност да ги проверите овие работи“, прашаа судиите издвојувајќи го главниот секретар во државата Пенџаб, Шри Каран Автар Синг.
Судот предупреди дека земјоделците во државите Пенџаб, Харајана и Утар Прадеш ја продолжуваат практиката на палење стрништа за да се подготват за следната сезона. Додека процесот е поевтин од другите методи, како што е плевењето со рака, тоа во голема мера придонесува за загадувањето на воздухот во Индија и во моментот е забрането со закон.
„Дали ова треба да се толерира? Зар ова не е полошо од внатрешната војна? Зошто се луѓето во оваа гасна комора? Ако е така, тогаш подобро докрајчете ги со експлозив. Ако продолжи вака, тогаш подобро е да нè нема отколку да страдаме од болести, како што е карцином“, велат судиите.
Додека главниот секретар на државата Харајана, Ананд Арора, тврди дека неговиот регион го намалил палењето на стрништата за 65 отсто, судиите го обвинија дека лажел пред судот посочувајќи дека виделе сателитски снимки кои покажуваат дека палењето продолжува.
Судот исто така ги обвини локалните власти дека играат префрлање на вината велејќи:
„Вие го политизирате прашањето за загадувањето. Не смеете да дозволите луѓето да умираат на овој начин“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.